ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ЛОЈАЛНАТА ПРОГРАМА

  1. Општи информации
    1. Што претставува програмата Клуб на читатели „Литература.мк“?

      Сакајќи на своите лојални потрошувачи да им обезбедиме дополнителни привилегии и попусти, „Литература.мк“ воведе програма за лојални потрошувачи, Клуб на читатели „Литература.мк“. Со програмата, преку издавање картички, „Литература.мк“ ја наградува лојалноста на потрошувачите. Лојалните потрошувачи собираат попусти со купување производи на продажните места на „Литература.мк“. Потоа, попустите можат да се искористат при следно купување производи од асортиманот на „Литература.мк“ со приложување на клуб-картичката „Литература.мк“, согласно правилата и условите за користење на клуб-картичката „Литература.мк“. Дополнително, корисниците на клуб-картичката „Литература.мк“ имаат ексклузивни привилегии за покани на нови промоции на книги и голем број промотивни акции за специјални производи по повластени цени во сите продажни места на „Литература.мк“.

  2. Правила и услови за користење на картичките
  3. Правилата и условите за членство во Програмата за лојалност Клуб на читатели „Литература.мк“ (во понатамошниот текст Програмата) и користење на клуб-картичката „Литература.мк“ (во понатамошниот текст Правила) ги вклучуваат условите за користење, како и сите други применливи услови, барања и ограничувања што произлегуваат од членството во Програмата. Со зачленување во Програмата и со нејзино користење, членовите ги прифаќаат правилата, условите, барањата и ограничувањата наведени во овие правила. Правилата се достапни на интернет-страницата club.literatura.mk.

    1. Општи дефиниции

    1. Правилата значат договорни одредби со кои се регулирани условите, правилата и обврските што произлегуваат од членството во програмата за лојалност и тие претставуваат договорен однос помеѓу „Литература.мк“ и членот на Програмата за лојалност;
    2. Клуб-картичката „Литература.мк“ значи програма за лојалност на „Литература.мк“ преку која членовите на Програмата за лојалност се стекнуваат со попусти и со ексклузивни бенефиции согласно со правилата и со условите за членство во програмата за лојалност.
    3. Клуб-картичката „Литература.мк“ значи картичка што е поврзана со сметката на членот на Програмата за лојалност, на која се евидентираат купувањата на членот на програмата за лојалност, стекнатите попусти, како и други информации согласно со условите на Програмата.
    4. Интернет-страницата club.literatura.mk е посебно дизајнирана интернет-страница на која се наоѓаат сите официјални информации поврзани со Правилата и со Програмата, а членовите на Програмата можат да ја користат за проверка на тековни промоции, како и други информации од Програмата.
    5. Акумулираните попусти означуваат вредносна единица што се пресметува врз основа на реализираните купувања во согласност со правилата и со условите на Програмата.
    6. Издавач и сопственик на картичките е „Супрема“ ДОО (во понатамошниот текст Издавач), ул. „Востаничка“, бр. 46б, 1000 Скопје, Македонија.
    7. Член на програмата за лојалност и корисник на картичките (во понатамошниот текст Член на програмата или Корисник) е секое физичко лице кое: (1) има наполнето најмалку 18 години, (2) има целосно и правилно потполнета, потпишана и активиран Апликација за членство, (3) се придржува кон Правилата за користење, (4) членството во програмата не му е привремено или трајно прекинато од која било причина.
    8. Продажните места каде што може да се користи оваа картичка се сите книжарници „Литература.мк“.
    9. Апликација за членство е документ, т.е. образец што треба да го потполни правилно и целосно секој потенцијален корисник.
    1. Начин на користење на клуб-картичката „Литература.мк“

    1. Пристапување
      1. Во програмата Клуб на читатели „Литература.мк“ се пристапува исклучиво со подигнување на клуб-картичката „Литература.мк“ на каса во која било книжарница „Литература.мк“. Корисникот може да собира попусти од моментот на добивање на картичката. Искористувањето на попустите е можно единствено со претходна регистрација на Корисникот на картичката. Регистрацијата се врши на следниот начин: – Со пополнување и со потпишување апликација за членство на кое било продажно место. – Со пополнување на електронска активација на интернет-страницата club.literatura.mk, по претходно подигната клуб картичка од било која Литература.мк книжарница. За време на процедурата за електронска регистрација се врши верификација на Корисникот по пат на е-адреса. По завршување на процесот за верификација, клуб-картичката „Литература.мк“ е активна.
      2. Апликацијата за пријавување мора да биде целосна, правилно пополнета и потпишана. Преку своерачен потпис на печатената Апликација за членство, потенцијалниот корисник изјавува дека е информиран за Програмата и дека се согласува со Правилата и со условите. При пополнување на електронската активација на интернет-страницата club.literatura.mk, Корисникот изјавува дека е информиран за Програмата и дека се согласува со Правилата и со условите на Програмата преку потврдување на полето за согласност, наведено во активацијата.
      3. Корисникот изјавува дека податоците што ги има наведено во Апликација за членство се точни и целосни и дека доколку се изменат, има одговорност веднаш да го извести Издавачот.
      4. Издавачот, врз основа на податоците од Апликацијата за пријавување или други податоци, според лична процена и со дискрециско право одлучува дали на потенцијалниот корисник ќе му ја активира клуб-картичката „Литература.мк“ и дали ќе го зачлени во Програмата, без обврска да ја образложува одлуката на кој било начин.

    2. Стекнување попусти
      1. Секој корисник на клуб-картичка „Литература.мк“ има право да добива акумулативни попусти за трансакциите направени на продажните места. Попусти се стекнуваат така што при секое купување, а при плаќањето и во кој било момент додека е отворена сметката, Корисникот ја приложува клуб-картичката „Литература.мк“, за да му биде вкалкулирана сумата од трансакцијата за понатамошно стекнување на поголеми попусти.
      2. При вкалкулирањето на сумата од трансакцијата за понатамошно стекнување на поголеми попусти, Корисникот е должен лично да ја приложи својата картичка на каса.
      3. Стекнатите попусти за секоја трансакција се евидентираат на личната сметка на Корисникот, најдоцна во рок од 24 часа од моментот на извршување на трансакцијата. Стекнатите попусти по секоја трансакција се прикажани на фискалната сметка што ја добива корисникот на клуб-картичка „Литература.мк“ за направената трансакција. Доколку на фискалната сметка не е регистриран стекнатиот попуст, од која било причина, Корисникот треба веднаш да реагира и на самото место да го пополни Формуларот за поплаки, достапен на каса на секое продажно место. Со напуштање на продажното место, Корисникот го губи правото на поплака за недобиените попусти.
      4. При плаќање на целата сума на сметката со попусти, Корисникот добива попусти на таа трансакција.
      5. Целосна информација за производите со попусти, условите за добивање попусти и табелата за пресметување и стекнување попусти е достапна на интернет-страниците www.literatura.mk и club.literatura.mk.
      6. Доколку, во согласност со законските прописи, Корисникот врати одреден производ, а за него биле впишани попусти на неговата лична сметка, тие ќе бидат сторнирани.

    3. Увид во состојбата
      1. Корисникот може да направи увид во состојбата со приложување на клуб-картичката „Литература.мк“ во сите книжарници „Литература.мк“ или преку проверка на прикажаните попусти на фискалната сметка при пазарувањето.
      2. Корисникот може да направи измена на податоците дадени во Апликација за членство, преку пополнување на барање за промена на податоци.

    4. Користење попусти
      1. Стекнатите попусти се користат на целата сума во целина.
      2. Попустите од својата лична сметка можат да ги користат само корисниците на клуб-картичка „Литература.мк“. Вработените во „Литература.мк“ немаат обврска да вршат идентификација на лицата-корисници на клуб-картичката „Литература.мк“.
      3. Целосна информација за тоа за кои производи и под кои услови Корисникот има право да ги користи стекнатите попусти е достапна на www.literatura.com.mk и club.literatura.mk.
      4. Попустите се користат така што при плаќање корисникот го информира вработениот на продажното место дека ќе ги користи стекнатите попусти при плаќањето. Личната сметка на корисникот при таа продажба не се намалува за искористените попусти. Корисникот со стекнатите попусти може да ја плати само вредноста на целата сметка. Попустите за плаќање можат да се користат со приложување на картичката.

    5. Ограничувања
      1. Попустите не можат да се стекнат на производите кои се веќе на акција, но делот од сметката платен со попусти од картичката „Литература.мк“, т.е. платениот износ на делот од сметката со попусти влегува во основата за добивање на нови попусти.
      2. Попустите не можат да се заменат за готовина.
      3. Попустите не можат да се подарат, да се префрлат или на друг начин да се направат достапни за користење за кое било друго лице, освен за носителот на клуб-картичката „Литература.мк“.
  4. Дополнителни информации
    1. Информации и начин на комуникација
      1. Податоци за „Супрема“ ДОО Скопје
        Ул. „Востаничка“, бр. 46б, 1000, Скопје
        Интернет-страница: www.literatura.mk
        Интернет-страница на Програмата: club.literatura.mk
        Е-пошта: club@literatura.mk
      2. За официјален начин на комуникација во програмата Клуб-картичка „Литература.мк“ ќе се смета комуникацијата по писмен пат или по електронска пошта. Секој корисник при пристапувањето наведува е-пошта (e-mail) за комуникација. За уредно известен корисник ќе се смета секој корисник кому му е доставена информација на наведената електронска адреса, од страна на „Литература.мк“.
      3. Корисникот одговара за точноста на податоците на сопствената клуб-картичка „Литература.мк“ и на Апликацијата за членство. Корисникот е должен да го извести „Литература.мк“ за секоја промена на информациите, односно да ги ажурира на начин утврден во овие правила со потполнување на барање за промена на податоци.

    2. Издавање картички
      1. Единствен овластен издавач на клуб-картичка „Литература.мк“ е „Супрема“ ДОО Скопје.

    1. Прифаќање на условите за користење
      1. Со пристапувањето кон програмата за лојалност Клуб-картичка „Литература.мк“, корисниците изречно и неотповикливо изјавуваат дека се запознаени и дека се согласни со условите за користење на картичките и дека се информирани оти имаат целосна одговорност за секое непочитување на Правилата.

    2. Губење или злоупотреба на картичките
      1. Губењето на клуб-картичката „Литература.мк“ веднаш треба да се пријави во најкраток рок во кое било продажно место, на нашата служба за лојални корисници на следната e-пошта: club@literatura.com.mk.
      2. Евентуалната штета направена до моментот на пријавување на губењето на картичката паѓа на товар на Корисникот.
      3. Издавачот ќе направи сè што е во негова моќ да издаде нова картичка во случај на губење на клуб-картичката „Литература.мк“, во најкус можен рок.
      4. Доколку најдете клуб-картичка „Литература.мк“, ве молиме да пријавите на нашата служба за лојални корисници или да ја оставите на некое од продажните места на „Супрема“ ДОО Скопје (книжарниците „Литература.мк“).
      5. Корисникот на картичката е одговорен за одржување на картичката во добра состојба.
      6. Во случај клуб-картичката „Литература.мк“ да биде загубена, корисникот не ги губи стекнатите попусти доколку веднаш пријави дека клуб-картичката „Литература.мк“ е изгубена.
      7. Во случај главната клуб-картичка „Литература.мк“ да биде загубена, на барање на Корисникот, а со цел да се избегне злоупотреба на стекнатите попусти од друго лице, картичката ќе биде блокирана. Нова картичка ќе му биде издадена на корисникот, а собраните попусти од изгубената картичка ќе му бидат пренесени на новата сметка. Новата клуб-картичка „Литература.мк“ не се наплаќа. Изгубената картичка останува неактивна и салдото со попусти се сведува на нула.
      8. Неовластеното користење, умножување и дистрибуција на картичката е кривично дело и се казнува според законот.

    3. Престанок на членството
      1. Корисникот може да престане да учествува во програмата Клуб-картичка „Литература.мк“ на сопствено барање или може да биде еднострано исклучен од програмата за лојалност Клуб-картичка „Литература.мк“ од страна на Издавачот, доколку не се придржува до правилата за користење.

    4. Измена на условите и Правилата
      1. Издавачот има право еднострано да ги смени правилата и условите за програмата Клуб-картичка „Литература.мк“, без согласност на Корисникот, објавувајќи ги новите услови на интернет-страницата на „Литература.мк“, club.literatura.mk.
      2. Издавачот има дискрециско право да не му издаде картичка на секој потенцијален корисник, без обврска да го образложува тоа, како и привремено или трајно да му ја блокира или да му ја одземе клуб-картичката „Литература.мк“.
      3. Издавачот има дискрециско право на секој корисник привремено или трајно да одбие да му додели попусти, да му забрани пристап до попусти или да одбие користење попусти без објаснување.

    5. Престанок на клуб-картичката „Литература.мк“
      1. Издавачот го задржува правото да ја прекине програмата Клуб-картичка „Литература.мк“ за лојалност со претходно известување по е-пошта или на својата интернет-страница.

    6. Политика за приватност и заштита на лични податоци
      1. Сите информации добиени од членовите на Програмата, вклучувајќи ги и нивните лични податоци, ќе бидат третирани согласно со интерните правила на Издавачот за заштита на лични податоци и соодветните прописи, што се во важност во Република Македонија.
      2. Со прифаќање на условите на Програмата, членовите на Програмата можат да изберат дали Издавачот да ги користи нивните лични податоци за директен маркетинг (СМС и/или е-пошта) во согласност со законите во Република Македонија.
      3. Со прифаќање на овие правила, членот на Програмата се согласува неговите лични податоци да бидат регистрирани, зачувани и обработувани согласно со прописите во Република Македонија и интерните правила на Издавачот.

    7. Судска надлежност
      Корисникот и Издавачот ќе се обидат да ги решат сите спорни прашања спогодбено, а доколку тоа не е можно, Основниот суд Скопје ќе биде надлежен суд.