ШТО ПРЕТСТАВУВА КЛУБОТ НА ЧИТАТЕЛИ „ЛИТЕРАТУРА.МК“?
Со особено задоволство би сакале да ве информираме дека го збогативме и го надградивме нашето работење со Клубот на читатели „Литература.мк“. Клубот на читатели претставува лојална програма наменета за добивање попусти и награди за потрошувачите на „Литература.мк“. Како членови на клубот на читатели „Литература.мк“ со секое купување во книжарниците на „Литература.мк“ добивате можност да ги користите акциските цени на дел од производите наменети само за членовите од клубот. Клубот на читатели „Литература.мк“ е единствената програма за лојалност што ви нуди ексклузивни попусти, неверојатни промоции, подароци и други многубројни привилегии.
ДАЛИ ЌЕ ИМА ПОСЕБНИ ПРИВИЛЕГИИ ЗА НАЈЛОЈАЛНИТЕ ЧЛЕНОВИ НА КЛУБОТ НА ЧИТАТЕЛИ?
Како најлојални купувачи, во клубот на читатели „Литература.мк“ ќе уживате во посебни привилегии, награди и многубројни изненадувања што ги подготвуваме единствено за вас.
КАКО ДA СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА КЛУБОТ НА ЧИТАТЕЛИ „ЛИТЕРАТУРА.МК“?
За да станете член на клубот на читатели „Литература.мк“ треба да поседувате картичка што можете да ја побарате на каса во сите наши книжарници и таа е бесплатна. Сè што треба да направите е да ja пополните печатената апликација за членство со вашите основни контакт-информации или онлајн-апликацијата за членство на нашата интернет-страница club.literatura.mk. Интернет-страницата club.literatura.mk е посебно дизајнирана интернет-страница на која се наоѓаат сите официјални информации поврзани со правилата и со програмата, а членовите на програмата можат да ја користат и за проверка на состојбата на сопствените сметки, за информации за тековни промоции, како и други информации од програмата; по пополнување на апликацијата, ќе добиете своја клуб-картичка што можат да ја користат и членовите на вашето семејство. Картичката ќе биде активна по првата направена сметка во нашите книжарници.
ВАЖНОСТ НА КАРТИЧКАТА
Картичката важи без престанок. Еднаш извадената картичка нема потреба да се вади повторно. Единствено износот на потрошените средства се обновува секоја година на 31 декември.
Издавачот го задржува правото да ја прекине програмата клуб-картичка за лојалност „Литература.мк“ со претходно известување по е-пошта или на својата интернет-страница.
ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВАМ АКО ЈА ЗАГУБАМ КЛУБ-КАРТИЧКАТА „ЛИТЕРАТУРА.МК“?
Губењето на клуб-картичката „Литература.мк“ веднаш треба да се пријави во најкраток рок во кое било продажно место, на нашата служба за лојални корисници на следната e-пошта: club@literatura.com.mk. Издавачот ќе направи сè што е во негова моќ да издаде нова картичка во случај на губење на клуб-картичка „Литература.мк“, во најкус можен рок.
ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВАМ АКО НАЈДАМ НЕЧИЈА КЛУБ-КАРТИЧКА „ЛИТЕРАТУРА.МК“?
Доколку најдете клуб-картичка „Литература.мк“, ве молиме да пријавите на нашата служба за лојални корисници или да ја оставите на некое од продажните места на „Супрема“ ДОО Скопје (книжарниците „Литература.мк“).